Бритни Спирс со размачкана шминка и неуредна -повторно ги загрижи фановите

Контроверзната пејачка Бритни Спирс (38) уште еднаш се најде во центарот на вниманието.Камерите ја уловиле пејачката како излегува од клиника во Лос Анџелес во друштво со телохранител.

 

Поп принцезата делувала запуштено. Освен неуредната фризура и размачканата шминка, Бритни на себе облекла фармерки, бела маица без градник, отворени сандали и бели спортски чорапи.

Дека со пејачката повторно нешто се случува се загрижени и фановите, откако таа објави видео на Инстаграм како игра во својот дом. На видеото таа имала јака црна шминка околу очите, поради која делувало како да не се измила неколку денови.

Минатата недела таа наполни 38 години, роденденот го прослави во Мајами со своето момче Сам Асгхари.

Бритни веќе 12 години се бори со своите проблеми со менталното здравје. Нејзиниот менаџер во една прилика изјавил дека не е сигурен дали таа некогаш ќе се врати на сцената.

Scroll to Top