Брижит Макрон ќе глуми во новата сезона на Емили во Париз

Првата дама на Франција, Брижит Макрон ќе се појави во една епизода од новата сезона на хитот на Нетфликс, Емили во Париз. Седумдесетгодишната сопруга на францускиот претседател Емануел Макрон (46) оваа недела е видена на сетот со ѕвездата од серијата Лили Колинс.

Брижит и претходно призна дека е голем обожавател на серијата, а гледачите ќе се сетат дека дури и била тема на епизода во првата сезона.

Во едно интервју во 2022 година, Лили беше прашана дали го запознала Макрон, на што таа одговори: „Ја запознав неговата прекрасна сопруга. Таа всушност е голем обожавател на шоуто“.

Четвртата сезона на популарната серија на Нетфликс е во фаза на продукција. Откако снимањето беше одложено минатата година поради штрајк на писатели, Нетфликс во јануари потврди дека корисниците наскоро ќе можат да ги гледаат новите авантури на Емили Купер во Париз.

Scroll to Top