Брижит Макрон ќе глуми во серија

Брижит Макрон, сопругата на францускиот претседател, Емануел ќе игра во телевизиска минисерија.

Таа ќе се појави во епизода на „Vestiaires“, која ќе се емитува во сабота. Дејството во серијата се случува во спортски клуб за лицата со посебни потреби. Сега оди осмата сезона. Во епизодата во саботата, г-ѓа Макрон ќе влезе во улогата на самат себе.

„Дознавме дека госпоѓа Макрон е голем фан на серијата. И бидејќи таа ја сака, ја прашавме дали сака да учествува во нега“, раскажува Ада Абдели, автор на серијата и еден од актерите во него.

Во епизодата, Брижит ќе влезе во соблекувалните на пливачите и ќе разговара со нив. Таа ќе биде во небесно син костум. Со истиот беше облечена кога Емануел Макрон стапи на функција во мај 2017 година.

Првата дама на Франција рече дека страшно се плаши од исходот на нејзината манифестација. Во минатото таа била професорка по литература и водела театарски оддел во гимназијата, во која учел и Макрон. Тој се вљубил во неа за време на пробите за училишна претстава.

Самиот Макрон се појави за кратко во документарниот филм „Транзицијата“, посветен на настаните во Франција во 1968 година и во режија на Ромен Гупил и поранешниот европратеник Даниел Кон-Бендит. Тој беше претставен надвор од конкурентната програма на Канскиот филмски фестивал.

Scroll to Top