Бруклин ќе потпише предбрачен договор со Никол, ќерката на американскиот милијардер Нелсон Пелц

Иако Дејвид и Викторија Бекам располагаат со огромно богатсво, сепак нивниот син Бруклин ќе потпише предбрачен договор со неговата девојка и идна сопруга, Никол Пелц, пренесуваат медиумите. Никол е ќерка на далеку побогатиот од нив милијардерот Нелсон Пелц.

 nikola pelc - Instagram/nicolaannepeltz/printscreen

Бруклин и Никол наскоро планираат да прават свадба во вилата на нејзиниот татко во Палм Бич на Флорида, а целата забава ќе ја покрие милијардерот. Се очекува Нелсон за забавата да потроши повеќе од три милиони фунти.

Никол потекнува од богато еврејско семејство, а нејзиниот татко е еден од блиските пријатели и на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Таа е најмладата од осумте деца на Нелсон и целиот живот сакала да стане хокеарка, сè додека не се заљубила во актерството.

 Svadba Bekamovog sina košta 3 miliona - Instagram/nicolaannepeltz/printscreen

Покрај љубовта кон глумата, Никол развива и манекенска кариера, но и пишува сценарија. Едно време беше во врска со Џастин Бибер и Анваро Хадид. Бруклин пак за разлика од неговиот татко, го остави фудбалот уште од мал и почна со кариерата на модел.

За потсетување, Бруклин и Хадид се заедно уште од октомври 2019 година. Тие се свршија само по неколку месеци, а свадбата се очекува да се случи наскоро.

 Svadba Bekamovog sina košta 3 miliona - Instagram/nicolaannepeltz/printscreen

 

Scroll to Top