Брус Вилис го препознава гласот само на Деми Мур

Откако неговото семејство откри дека актерот боледува од фронтотемпорална деменција,, се појавија информации дека неговата здравствена состојба се влошува.

Семејството на Вилис и претходно споделуваше фотографии на кои поминуваат заеднички моменти. Сопругата на Брус, Ема Хеминг Вилис има одлична комуникација со неговата бивша сопруга Деми Мур.

Извор близок до семејството наведува и дека актерот работи напорно и сака да биде во добра здравствена состојба кога ќе му се роди внукот. Неговата ќерка Румер Вилис, која ја имаше со Деми Мур, неодамна објави дека е бремена и очекуваат дека актерот сепак ќе биде свесен да го запознае својот внук. Според странските медиуми, Деми Мур е единствената личност чиј глас Вилис го препознава преку телефон.

„Деми е во постојан контакт со Брус и Ема. Ја користи секоја прилика да помине време со него. Ако не е со него, се јавува на телефон само за Брус да и го слушне гласот. Брус не може да зборува многу и не изгледа како да разбира многу од она што другите го кажуваат“, изјавил еден извор близок до семејството.

За потсетување, во март минатата година беше објавено дека Брус Вилис се повлекува од светот на актерството откако му беше дијагностицирана афазија, нарушување на говорот што влијае на неговите когнитивни способности, а сега се бори со деменција која влијае на однесувањето со симптоми кои вклучуваат, опсесивно однесување и тешкотии во говорот.

Scroll to Top