Брус Вилис го промени тестаментот откако му е дијагностицирана афазија

Актерот Брус Вилис, наводно, го променил тестаментот неколку дена откако дознал дека има афазија. Според извори блиски до него, на ќерките кои ги доби со Деми Мур, Румер, Скаут и Талула ќе им остави по еден милион долари. Целото богатство му е проценето на 250 милиони долари, пренесе „Радар онлајн“.

Најголем дел од парите ќе ги добие неговата сегашна сопруга Ема и нивните ќерки Мејбел и Евелин.

„Брус сака неговите најмали деца да бидат финансиски безбедни. Тој мисли дека на Румер, Скаут и Талула ништо нема да им недостига. Првпат го смени тестаментот во 2009 година, откако се ожени со Ема, а потоа неколку месеци по раѓањето на нивните деца. Потоа уште еднаш го промени кога дозна дека има сериозни здравствени проблеми“, рече изворот.

Вилис смета дека богатството на Деми Мур кое се проценува на 200 милиони долари, ќе им биде доволно на Румер, Скаут и Талула.

Scroll to Top