Брус Вилис има деменција, објави семејството

Семејството на Брус Вилис кој боледува од афазија објави дека има деменција. Неговата сопруга рече дека од пред една година откако првпат му беше дијагностицирана, болеста напредувала.

Во 2022 година ја заврши кариерата во Холивуд затоа што не може да зборува како порано, а има проблеми со концентрацијата и меморијата. Оттогаш за него се грижат семејството и поранешната сопруга Деми Мур, со која е во одлични односи. 

„Сакаме да им се заблагодариме на сите за љубовта и поддршката што ни ги испративте. Сите сакаме да ве информираме за состојбата. Тој е сакан сопруг, татко и пријател и сега имаме длабоко разбирање низ што поминува“, рекоа од семејството.

„Од пролетта минатата година состојбата напредуваше. Сега му дијагностицираа фронтотемпорална деменција позната како FTD. За жал, комуникациските предизвици се само еден од симптомите со кои се справува. Иако е болно, за олеснување е што конечно имаме дијагноза“, велат тие.

Додадоа и дека во моментов нема третман за оваа болест, но дека се надеваат на позитивни промени во годините што следат.

„Како што напредува состојбата се надеваме дека вниманието на медиумите може да се насочи кон расветлување на оваа болест, за која е потребна многу поголема свест и истражување“, рече сопругата.

„Брус отсекогаш верувал дека може да им помогне на другите и да ја подигне свеста за важни прашања. Би сакал да помогне на сите оние кои исто се справуваат со оваа болест. Ги охрабруваме сите кои се занимаваат со тоа да бараат информации и поддршка достапни преку AFTD (@theaftd, theaftd.org). И за оние кои имаа доволно среќа да немаат лично искуство со FTD, се надеваме дека ќе одвојат време да дознаат повеќе и да ја поддржат мисијата на AFTD“, рекоа од семејството на Брус Вилис.

 

Scroll to Top