Брус Вилис повторно се венчаше, Деми Мур специјална гостинка

Брус Вилис и Ема Хеминг одлучија да ги обноват заветите по 10-годишниот брак на венчавката на Кариби.  Покрај нивните ќерки, на повторената венчавка присуствувала и поранешната сопруга на славниот актер, актерката Деми Мур. Вилис не го криел своето воодушевување, а особена радост му причинувало и присуството на неговите ќерки од бракот со првата сопруга.

Додека двојката ’ приоѓала до невестинската маса, неговите најмлади ќерки Мабел Реј и Евелин Пен го посипувале нивниот пат со латици од ружи, а во заднината се слушал гласот на неговата најстара ќерка Румера, која ја пеела свечената песна.

Scroll to Top