Брус Вилис заљубен до уши во 23 години помладата сопруга

Холивудскиот актер Брус Вилис е до уши заљубен во неговата 23 помлада сопруга Ема Хеминг, а тоа го покажа на црвениот тепих во њујоршкиот СВА театар, каде се одржуваше премиерата на филмот „Glass“.

На настанот присуствуваа бројни ѕвезди и личности од светскиот џет сет, но вниманието го украде Вилис кој според фотографиите се гледа дека бил во одлично расположение и не ја тргал насмевката од лицето.

Вилис во еден момент ја фатил Ема за рака и ја бакнал, потег кој според пишувањата на американските таблоиди предизвикал воодушевување кај присутните гости.

Брус и Ема која работи како модел, се во брак од 2009 година. Двојката има две ќерки Мејбл Реј Вилис, и Евелин Пен Вилис.

 

Scroll to Top