Брзата храна полека го уништува здравјето на Бред Пит

Брзата храна и газираните пијалаци му го нарушиле здравјето на холивудскиот актер Бред Пит, пренесуваат светските медиуми. Како што пренесува The Globe, актерот ја губи својата препознатлива форма на тело, а ако продолжи со ваквите навики и здравјето ќе му биде сериозно нарушено.

Според пишувањето на Globe, Бред отсекогаш бил склон на брзата храна, но во последните неколку месеци актерот дополнително ја засилил ваквата навика, поради која и се здебелил неколку килограми и го нарушил сопственото здравје со претерана консумација на плескавици и пржени компири.

Во јавноста се појавија и фотографии на кои актерот носи широка и предимензионирана облека. Тој е виден и пред ресторан за брза храна, во друштво на Али Шавкат, за која се сметаше дека е неговата нова девојка.

Долги години, 56-годишниот актер важеше за еден од најатрактивните во Холивуд. На неговиот шарм не можеа да одолеат бројни жени, меѓу кои и 51-годишната Џенифер Анистон и 45-годишната Анџелина Џоли, со кои беше во брак.

Во последните месеци, интензивно се пишуваше за неговата врска со помладата Германка, 27-годишната манекенка Никол Потуралски. Но, како што сега пишува Globe, актерот ја губи својата препознатлива форма.

Scroll to Top