Чарли Шин е очаен за пари, сака да го продаде домот за 8,5 милиони долари

Холивудскиот актер Чарли Шин поради финансиските проблеми во кои западнал е принуден да ја продаде својата луксузна куќа во Беверли Хилс.

Актерот го продава својот дом за цена од 8,5 милини долари. Во прашање е имот што се протега на површина од 827 метри квадратни, а вилата е изградена во медитерански стил.

Во куќата на Чарли има кинотека, седум спални соби, седум бањи, голема кујна, вежбалница и уште многу други луксузни работи. Надвор од вилата има изградено бар и два базена.

Чарло првично сакал да ја продаде куќата за 9,5 милиони долари, но поради тоа што немало заинтересирани купци, актерот ја намалил цената за еден милион. Досега не се јавил ниту еден заинтересиран кандидат.

 

Scroll to Top