Чарли Шин ја одбил улогата во „Непристоен предлог“

Актерот Чарли Шин во интервју во австралиското шоу Kyle and Jackie O this morning открил во кои два филма ги одбил улогите, а место него глумел Вуди Харелсон.

Шин признал дека ги одбил главните улоги во филмовите „Големи хакери“ (White Men Can’t Jump”, 1992) и „Непристоен предлог“ (Indecent Proposal 1993). И двете на крајот завршиле во рацете на Харелсон.

„Го обожавав тој филм. Си направил голема грешка. Голема грешка“, му одговорила водителката Џеки на радиото Kiis FM на Чарли Шин за одбивањето на улогите.

„Вуди ми кажа дека пријателите му рекле да ми испрати пакет ружи затоа што самиот буквално сум му ги предал најдобрите улоги во неговата кариера“, вели Шин, пишува news.com.au.

Улогата во „Непристоен предлог“ Шин ја одбил затоа што не му се допаѓал крајот на филмот. Премисата на тој блогбастер од деведесеттите се темели на понудата од милион долари за омажена жена да спие со странец.

 

View this post on Instagram

 

‪happy‬ ‪birthday to‬ ‪me.‬ ‪preparing‬ ‪nicely for‬ ‪John Wick’s‬ ‪arrival… ‬ ‪©‬

A post shared by Charlie Sheen (@charliesheen) on

„Во сценариото што го читав Роберт Редфорд спие со жената, а потоа мажот работи нешто со парите, ги дава во добротворни цели или купува слон и нешто се случува“, објаснува Шин. „Па си помислив дека ако минуваш низ толкава траума и стрес и уште некој спие со жена ти, па веројатно би сакал милион долари за тоа“, вели Шин.

Чарли Шин следниот месец ќе замине на турнеја во Австралија, каде ќе го прикаже своето шоу An Evening with Charlie Sheen. Ќе зборува за отказот во серијата „Два и пол мажи“, за својата борба со алкохолот и обвинувањата за користење дроги и семејно насилство.

Пред два месеца Шин се жалел дека не може да најде работа во Холивуд и дека има проблем со плаќањето алиментација.

 

 

 

Scroll to Top