Чарли Шин не може да плаќа алиментација

Американскиот актер Чарли Шин тврди дека не може да плаќа алиментација за своите четири деца. Магазинот„Пипл“ стигна до судски документи што го докажуваат неговото барање за модификација на плаќањето.

52-годишниот актер, кој има две ќерки со Денис Ричардс и два сина со Брук Милер, вели дека не може да ја плаќа месечната алиментација затоа што не може да пронајде постојана работа. Чарли заврши на црната листа на забавната индустрија.

Актерот тврди дека има значајно намалување на приходите и дека е во страшна финансиска криза. Шин наводно во моментов „тежи“ помалку од 10 милиони долари. Вели дека не може да ги плати своите долгови ни кон некои од своите свршеници од минатото.

Шин се ожени со Ричардс, неговата колешка актерка, во 2002 година. Се разведоа во 2006 година. Со неа ги има 14-годишната ќерка Сем и 13-годишната Лола.

Во 2008 година Шин се ожени со Брук Милер . Се разведоа во 2011 година. Нивните синови Макс и Боб имаат 9 години.

Шин има и 33-годишна ќерка. Касандра Џејд Естевез. Неа ја добил со љубовта од средно училиште Паула Спирт.

Актерот, кој потекнува од холивудско семејство, во 2010 година беше најплатената телевизиска ѕвезда. Тогаш заработуваше вртоглави 1,8 милиони долари по епизода од емисијата „Два и пол мажи“.

Набрзо потоа, Шин е отпуштен затоа што го навреди творецот на серијата, Чак Лори, кој одлучи да го замени со Ештон Качер.

Во февруари годинава Шин својата вила во Беверли Хилс ја стави на продажба за 10 милиони долари. Раскошниот дом има седум спални соби и седум бањи.

Во април магазинот „Блест“ објави судски документи кои открија дека Шин наводно должи речиси пет милиони долари данок само за 2015 година.

Во јуни Шин бил ангажиран за спот од страна на хип-хоп музичарот Лил Пумп.

Мелани Лински, неговата колешка од „Два и пол мажи“, изјавила за „Фокс њуз“ дека од снимањето на серијата со Шин ѝ останале само убави спомени.

„Се немаме слушнато некое време. Но секогаш ќе му посакам сè најдобро и се надевам дека е добро. Тој е голем актер и кон мене беше постојано љубезен“, признала таа.

Шин во јавноста призна дека е ХИВ позитивен во 2015 година.

 

Scroll to Top