Чарлс првпат како крал ќе слави роденден

Британскиот крал Чарлс денес го прослави 74 роденден. Ова е неговиот прв роденден кој ќе го прослави како монарх. Без разлика дали ќе го слави денес или понатаму, постои програма по која ќе се одбележи овој голем ден за кралското семејство. Од 1700-та година постои традиција владетелите кои немаат роденден на лето, официјално да го прослават во тој период. Засега не е познато дали Чарлс ќе се држи до оваа традиција.

Според програмата, прво треба да му пее бенд „Среќен роденден“ за време кога ќе се случи смената на чуварот пред Бакингемската палата, а исто така низ Лондон ќе се пука од пушка за да се поздрави новиот крал.

За потсетување, Чарлс имаше прилично бурен живот пред да седне на тронот. За некои од контроверзните случаи запознаена е и јавноста. Во 1981 година се венчаше со принцезата Дајана, со која доби две деца, принцовите Вилијам и Хари. Иако за многумина бракот им изгледаше совршен, подоцна се откри аферата со неговата сегашна сопруга, Камила Паркер.

Откако се разведе со Дијана, година дена подоцна, принцезата загина во сообраќајка во Париз. Нешто подоцна, Чарлс се венчаше со Камила, неговата денешна сопруга. Стана крал на Велика Британија по смртта на мајка му, кралицата Елизабета Втора, а официјалното крунисување ќе се одржи на 6 мај 2023 година.

Scroll to Top