Ченинг Тејтум за татковството: Кога останав самохран татко, барав на Јутјуб како да плетам плетенка

Актерот Ченинг Тејтум во емисијата „Денес: Со Хода и Џена“ проговори за тоа како се справува со улогата на татко. Тој и поранешната сопруга Џена Деван ја имаат ќерка Еверли.

„Навистина не знам. Се снаоѓам. Мислам дека како и секој друг родител, само се трудам да не го „зафркнам“ своето дете“, бил одговорот на актерот на прашањето на водителот за тоа каков татко е тој.

Тејтум на јавноста и е познат по улогите во филмовите „Меџик Мајк“ и „Степ ап“, со кои се етаблираше како миленик на женската публика, а многумина не знаат дека актерот има напишано неколку книги за деца. Во една прилика откри дека никогаш не планирал да напише книга, туку дека Еверли го инспирирал и така се родила серијата ’Sparklella‘.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Channing Tatum (@channingtatum)

„Никогаш не планирав да бидам самохран татко и кога тоа се случи, бев нервозен. Ми беше уште потешко бидејќи таа е девојче, па на Јутјуб барав како да плетам плетенка бидејќи не сакав да доаѓа неуредна на училиште“, открил тој.

Инаку, тој и Џена беа во брак од 2009 до 2018 година. Набрзо по разводот, Џена се сврши со актерот Стив Кејзи (47), со кој го има синот Калум (2). Нејзиниот поранешен моментално е со актерката Зои Кравиц (34). Џена и Ченинг не зборуваа многу за нивната врска по разводот, но рекоа дека се разделиле без кавга.

Scroll to Top