Членка од „Атомик Китен“ сексуално злоставувана во воз

Пејачката Наташа Хамилтон (36), поранешната членка на групата „Атомик Китен“, го сподели со своите пријатели на Твитер ужасот кој го доживеала за време додека се возела во воз во Лондон. Додека се враќала дома, во возот кој бил преполн со патници, еден од нив ја искористил ситуацијата и влегол во аората на пејачката.

„Овој гнасен човек го триеше својот п**ис од мене во преполн воз. Мислев дека е нечија кеса, се додека не почувствував дека некој ми дише зад вратот. Згрозена сум и настанот ќе го пријавам во полиција“, напишала Наташа.

Хамилтон не сакала злоставувачот да мине неказнето па го сликала и неговата фотографија ја споделила на интернет, а за целиот настан ја известила и полицијата.

„Го фотографирав пред да излезам од возот. Некој мора да застане на патот на ваквото однесување“, заклучила таа на крајот.

Наташа со години била членка на популарната група „Атомик Китен“, која се распадна во 2004 година. Девојките од бендот долго не можеле да се помират со неуспехот кој го доживеаа на јавна сцена.

 

Scroll to Top