Членовите на кралското семејство си подаруваат бизарни подароци за Божиќ

Членовите на британското кралско семејство си подаруваат подароци секој Божиќ. Иако многумина би помислиле дека се работи за луксузни подароци, тие негуваат една сосема поинаква традиција, пишуваат британските медиуми. Имено, за Божиќ си подаруваат подароци кои не чинат многу, а при изборот има само еден услов – да се насмеат.

Пол Бурел, долгогодишниот батлер на покојната принцеза Дијана, откри дека една година му подарила на Вилијам календар од 18+ години.

„Се разбира, Дијана беше многу духовита и ставаше непријатни работи за да ги засрами. Вилијам доби календар со голи дами една година само за да го натера да поцрвене и тоа функционираше“, откри тој неодамна.

Кејт Мидлтон му подари на Хари комплет со назив „Направи ја сам својата девојка“, пред да започне да излегува со Меган Маркл. Кралот Чарлс наводно не сака скапи подароци, па една година неговата сестра, принцезата Ана, му подарила бела кожна WC даска.

Принцот Хари отишол чекор подалеку и, наводно, и дал на својата баба, покојната кралица Елизабета, капа за туширање на која пишувало „Ain’t Life a B****“.