Да беше жив, Ален Делон денес ќе го прославеше својот 90-ти роденден

Да беше жив, Ален Делон денес, 8 ноември, ќе го прославеше својот 90-ти роденден. Еден од најхаризматичните и најфатални актери на 20 век остави неизбришлив белег во историјата на светската кинематографија, но и во срцата на милиони обожаватели кои го гледаа како олицетворение на францускиот шарм.

Ален Делон ги помина последните години од својот живот во полуприватно опкружување, борејќи се со сериозни здравствени проблеми. Во 2019 година доживеа мозочен удар, а во 2022 година му беше дијагностициран Б-клеточен лимфом, форма на не-Хочкинов лимфом, и го заврши својот живот опкружен со своите деца и семејство, на 18 август 2024 година на 88-годишна возраст.

Scroll to Top