Да имав кој да ме заштити немаше уште на 12 години да снимам голи сцени: Животот на актерката Настасија Кински

Легендарната актерка на европската и американска кинематографија Настасија Кински е ќерка на славниот актер Клаус Кински. Иако има 61 година, таа сè уште изгледа подеднакво градиозно како порано. Името го доби по лик од делото на Достоевски, „Идиот“, а нејзините родители се разведоа кога таа имаше седум години. По што живееше со нејзината мајка во Минхен, а одеше во посета на својот озлогласен татко во Венецуела.

Нивната финансиска состојба во тој период била многу пониска од просечната, па таа морала да  краде храна и работи во продавница, да користи јавен превоз без билет, бегајќи од кондуктерот. Работела сè и сешто, од хигиеничарка до дресер на циркуски животни. Со мајка ѝ живеела во комуна.

На 12 години почна да работи како модел, по што успеа да добие улога во филмот на Вим Вендерс „Погрешен потег“, каде беше прикажана топлес. Уште пред да наполни 15 години, веќе имаше снимено неколку голи сцени и за други филмови.

Кински подоцна изјави дека се чувствувала експлоатирана од филмската индустрија. Во интервју за W таа рече: „Да имав кој да ме заштити или да имав поголема самодоверба, не би прифатила некои работи. Работи со голотија. А однатре само ме распарчи“.

Таа го запозна режисерот Роман Полански на една забава во 1976 година. Тој ја покани да студира глума во САД и ѝ ја понуди главната улога во неговиот претстоен филм „Тес“, кој подоцна освои бројни награди.

Во 1981 година, Ричард Аведон ја фотографираше Кински со питон околу нејзиното голо тело. Сликата, која првпат се појави во американското издание на Vogue во 1981 година, беше објавена како постер и стана бестселер, дополнително потврдувајќи го нејзиниот статус на секс-симбол.

Кински повторно соработуваше со Вендерс за филмот „Париз, Тексас“ од 1984 година, кој важи за еден од нејзините најпочитувани филмови до денес, за што ја освои и главната награда на Канскиот филмски фестивал.

Во средината на 1980-тите, Кински го запозна египетскиот режисер Ибрахим Муса, со кого се венчаше на 10 септември 1984 година и доби две деца. Но се разведоа во 1992 година, по што до 1995 година актерката живееше со музичарот Квинси Џонс со кого доби ќерка, која денес е модел.

Кински последен пат се појави во филмското платно во 2013 година, во филмот „Шеќер“.

Нејзината сестра Пола Кински го обвини нивниот татко дека ја силувал како дете.

 

Scroll to Top