Да се биде или не за Шумахер? – По оваа операција лекарите креваат раце од шампионот

Иако неговото семејство молчи, шведскиот весник „Експресен“, сепак, успеа нешто да дознае. Се пишува дека лекарите ќе пробаат уште една, последна операција врз седумкратниот светски шампион и за многумина најдобар возач на Формила 1 на сите времиња, Михаел Шумахер (48), кој веќе четири години живее во кома откако доживеа трагичен пад на скијање во францускиот Мерибел во 2013 година. Лекарите тогаш потврдија дека Шумахер  речиси сигурно би загинал на лице место доколку не носел кацига. Падот бил толку тежок што се здобил со тешки повреди на главата поради кои до денес сè уште не се разбудил.

Неговото семејство го вложи речиси целото богатство со кое располагаше до тој момент за негово лечење. Неговиот дом во Швајцарија го посетија голем број светски специјалисти, но никаква терапија не резултираше со будење од кома. Шведскиот весник „Expressen“ тврди дека лекарите ќе пробаат уште една операција, по која ќе дигнат раце од понатамошното лечење ако истата не даде плод. Шумахер наскоро треба да се пресели во Далас, каде за него ќе се грижи еден од најценетите светски невролози, доктор Јулиан Мекс.

„Имам полно искуство со такви пациенти. Се сомневам дека некој во Европа лечи повеќе вакви пациенти од мене“, изјави Мекс за германскиот весник „Браво“.

 

Scroll to Top