Дафне Клак е тајното име на Кејт Мидлтон во случај на опасност

Дафне Кларк е тајното име на Кејт Мидлтон, иако во прилика таа била претставена како госпоѓа Кембриџ. Иницијалите исто така се совпаѓаат со титулата што ја имала пред да стане принцеза од Велс, војвотката од Кембриџ

Светските лидери и членовите на кралските семејства имаат тајно, кодно име, кое се активира во случај на опасност како обиди за атентат, киднапирања.

Овие имиња често се користат кога се најавуваат учество на одредени настани, но времето кога само тајните служби ги знаеја, одамна помина.

На пример, кога кралицата Елизабета требаше да се појави во јавноста, полицајците и нејзините дворски соработници ја користеа буквата „С“. Некои сметаат дека тоа е кратенка од името Шарон, додека други веруваат дека има врска со зборот суверен, односно владетел.

Принцот Вилијам е, внимавајте, Дени Колинс. Така се викаше филмот со Ал Пачино, инспирација за оние кои смислија тајно име за идниот крал.

Scroll to Top