Дајана две недели пред венчавката со Чарлс дознала за неверството

Две недели пред официјално да се разведат, принцезата Дајана открила за неверството на својот сопруг, принцот Чарлс, пишуваат британските медиуми.

Дајана во 1992 година ѝ открила на јавноста дека има сериозни проблеми во бракот и дека планира да се разведе во декември истата година. Официјалниот развод се случил во 1996 година, по 15 години брак.

Во тој период Дајана ѝ открила на  јавноста дека нејзиниот сопруг има афера и дека таа се чувствува како трета личност во бракот.

Принцезата Дајана во едно од своите интервјуа вели дека случајно дошла до еден подарок што принцот Чарлс ѝ го наменил на неговата поранешна љубов Камила Паркер Боулс. Да биде ситуацијата полоша, Дајана го открила подарокот само неколку недели пред кралската венчавка. Во кутијата што ја отворила Дајана имало белезица.

„Уште бев премногу незрела за да ги разберам сите пораки на кои наидував попат. И тогаш една личност во неговата канцеларија ми рече дека мојот маж купил белезица што сакал да ѝ ја подари на Камила“, изјавила принцезата Дајана во едно од своите интервјуа.

„Еден ден влегов во канцеларијата на тој човек и го прашав што има во кутијата. Тој ме советуваше да не гледам. Ја отворив и ја видов белезицата. Бев очајна и бесна. Се прашував зошто не може да биде искрен со мене“, говорела Дајана.

Од записите на Ендрју Мортон, кој ја бележел биографијата на кралското семејство, јавноста дознала дека на белезицата биле биле изгравирани буквите „Г“ и „Ф“, и очигледно станувало збор за надимаците што Чарлс и Камила си ги дале еден на друг, Гледис и Фрес.

Овој настан се случил само две недели пред венчавката, поради што Дајана сакала да ја откаже целата церемонија.

Принцот Чарлс уште пред да влезе во романса со принцезата Дајана бил во врска со Камила Паркер Боулс. Раскинале во 1971 година, кога Чарлс се приклучил во Британската кралска воена морнарица.

Две години подоцна Камила се мажи за Ендрју Паркер Боулс и тогаш паѓаат во вода сите шанси за каква било заедничка иднина меѓу Камила и Чарлс.

Чарлс во ‘80-тите години се забавувал со 19-годишната Дајана Спенсер, а двојката се венчала во јули наредната година. И покрај разводот и новите партнери, чувствата меѓу Чарлс и Камила никогаш не престанале.

Двојката во 1986 година ја обновила љубовната романса иако и двајцата веќе биле во брачна заедница.

Во 1992 година, палатата ги потврдила сериозните брачни проблеми меѓу Чарлс и Дајана и дека и двајцата се развеле во декември.

 

 

Scroll to Top