Глумецот Даниел Крег, кој неодамна наполни 52 години, доби торта во стилот на тајниот агент 007 за роденденот. Роденденска смокинг-торта ја доби во текот на специјалното прикажување на филмот „Казино Ројал“ во Музејот за модерна уметност во Њујорк.
На специјалната проекција беа прикажани неколку филмови за Џејмс Бонд, вклучувајќи го и „Скајфол“.
За потсетување, Крег наскоро ќе почне да го промовира филмот No Time to Die, што ќе биде последниот Бонд што го сними тој во кариерата. Промоцијата на филмот веќе требаше да биде промовиран во Кина, но премиерата е одложена заради коронавирусот.