Славниот британски глумец Даниел Крег вели дека оди да се забавува само во геј барови. Глумецот вели дека таму никогаш се нема степано и дека девојките му биле убави. Крег во едно интервју призна дека кога бил сингл, редовно ги посетувал овие места.
„Во таканаречените хетеро клубови често влегував во тепачки и си создавав проблеми. Ми стана напорно и тоа агресивно тепање со тупаници, алфа мажјаци и тензиите. Поради тоа почнав да одам во геј барови. Тоа беа добри места за излегување. Сите беа кул. Луѓето не сфаќаат дека таму на никого не му е гајле за вашата сексуалност. Запознав еден куп девојки кои се нервираа за исти работи како и јас“, рече глумецот.
Даниел Крег го глумеше последниот Џејмс Бонд во филмот „Нема време за умирање“. Во моментов е актуелен со филмот „Извадете ги ножевите“ работен за „Нетфликс.