Даниел Крејг открива зошто ќе престане да го глуми Џејмс Бонд

Холивудскиот актер Даниел Крејг (53) се откажа од улогата на Џејмс Бонд. Тој одлучи да престане да глуми таен агент поради повреди.

Крејг откри дека се здобивал со повреди при снимање опасни сцени или трикови на секој блокбастер на Бонд. Кога за првпат се појави во „Казино Ројал“ во 2006 година, тој загуби два заби. Според него, време е некој друг да го замени во мисијата.

„Сè уште правам акробации, бидејќи уживам во физичката природа. Секогаш сум сакал телесност, дури и пред Бонд. Но, сега сум постар и не се враќам во форма толку добро како порано. Се повредив на секој филм за Бонд откако почнав со таа улога”, рече тој во интервју за магазинот „Кендис“.

Тој додаде дека ќе биде тажен што ќе ја даде „дозволата за убивање“, бидејќи нема лоши страни да се глуми Бонд, но и дека целото искуство на глумење шармантен шпион е привилегија.

Крејг за петти и последен пат ќе игра во одложениот No Time To Die („Не е време за умирање“). Со што го надмина рекордот и на починатиот сер Роџер Мур како најдолговечен Бонд, со најдолг стаж од 15 години во смокингот.

„Тоа е апсолутно последно. Време е за некој друг да тргне сега”, потврди тој за улогата во „Не е време за умирање“.

Scroll to Top