Даниел Редклиф им ја продал куќата на своите родители

Ѕвездата од филмот „Хари Потер“, британскиот глумец, Даниел Редклиф, им ја продал својата луксузна вила во Мелбурн на родителите. Куќата им ја продал за 2 милиони долари.

Редклиф местото го купил во 2004 година, преку агенцијата за недвижности која била во сопственост на неговите родители, а официјално тој станал сопственик во 2007 година, кога станал полнолетен.

Куќата има две спални соби, работна просторија, две купатила, гаража за два автомобили, голем дневен престој и тераса со убав поглед. Иако местото е убаво, Редклиф ретко престојувал во него, па на крајот решил да го продаде.

Тој добил три понуди, но, на крајот се одлучил за родителите.

Scroll to Top