Даниел Редклиф призна дека бил алкохоличар

Британскиот актер Даниел Редклиф, познат по улогата на филмското остварување „Хари Потер“, неодамна се отвори во јавноста и признал колку големата слава што ја доживеал пред да стане тинејџер влијаела на неговиот живот.

Во интервју за емисијата Off Camera на водителот Сем Џонс, дваесетгодишниот актер признал дека во доцните тинејџерски денови му се препуштил на алкохолот затоа што не можел да се носи со фактот дека светот го следи секој негов потег.

Имав ужасен проблем да се носам со фактот дека секој ме набљудува во периодот додека бев тинејџер. Можеби тоа беше само во мојата глава, но се чувствував како сите да гледаат во мене и не можев тоа да го поднесам“, вели Редклиф.

„Потоа помислив дека доколку се напијам ќе заборавам на фактот дека сите ме гледаат. Но тогаш си помислив дека сите ме забележуваат поради тоа што сум пијан, па во тие моменти пиев уште повеќе, за и тоа да го заборавам“, вели Редклиф.

Поради своето лично искуство, ѕвездата тврди дека секогаш сочувствувал со другите ѕвезди од индустријата кои го преживеале истото.

„Секогаш се прашував дали на пример пејачот Џастин Бибер страда од моментално лудило“, изјавил Редклиф.

Актерот вели дека тешко е да се соочиш со нормални чувства, кога наа таа возраст ќе постигнете толкав успех и ќе живеете одреден начин на живот.

Една од причините е тоа што луѓето очекуваат да бидете задоволни и среќни цело време. Како да не можете да се чувствувате тажно, затоа што сте богати и славни и имате сè што ќе посакате“, признал Бибер.

За среќа, актерот објаснил дека благодарение на своето семејство и пријатели, но пред сè и  себеси, тој успеал да се ослободи од лошите навики и да живее нормален и здрав живот.

 

 

Scroll to Top