Данската кралица се зарази со коронавирус на погребот на Елизабета Втора

Данската кралица Маргарет Втора во понеделникот се зарази со коронавирус на погребот на британската кралица Елизабета Втора во Лондон. Следниот ден направила тест кој бил позитивен на ковид. Ова е вторпат како се заразува со вирусот годинава.

Во вторникот ги откажа сите обврски за неделава. По смртта на Елизабета, сега таа е кралицата со најдолг стаж во Европа. Во јануари одбележа 50 годишнина од владеењето со скромна прослава поради пандемијата со ковид.

Големата свечена прослава беше одложена за вториот викенд во септември, но програмата сепак беше променета во последен момент на нејзино барање поради смртта на Елизабета Втора. Повеќето нејзини јавни настапи, вклучително и парадата низ улиците на Копенхаген, беа откажани.

За потсетување, Маргарет дојде на тронот во 1972 година кога поддршката за данското кралско семејство беше во опаѓање, но за време на нејзиното долго владеење помогна да се врати неговата репутација.

Scroll to Top