Актерката Дебра Месинг, позната по улогата на Грејс во серијата „Вил и Грејс“, изминатиов викенд доби ѕвезда со своето име на Булеварот на славните во Холивуд. 49-годишната актерка на церемонијата дојде со родителите.
„Не се осмелував ни да сонувам за ова, ама верувам дека мајка ми сонуваше наместо мене. Поради големите актерски соништа, честопати ми се потсмеваа, но таа веруваше во мене. Денеска знам дека соништата ми станаа реалност“, изјави актерката на церемонијата.
Во публиката беа и актерите Ерик Мекормив (Вил) и Меган Мулали (Керен) од популарната серија која повторно почна да се емитува во САД, но и нејзините блиски пријателки, актерките Софија Буш, Маришка Харгитеј, Кони Бритон.