Дечкото ја препал глумицата Хајден Панетиери за Валентајн

Дечкото на Хајден Панетиери, Брајан Јикерсон, ја препал глумицата за Валентајн, пишуваат странските медиуми. Нападот го пријавиле соседите, а кога полицијата стигнала, ја затекла Хајден со отечено лице и гребаници на рацете. Брајан Хикерсон веднаш бил уапсен и против него било подигнато обвинение за семејно насилство.

Во полицискиот извештајот е наведено дека соседите ја виделе Хајден како нервозно шета низ дворот, откако претходно го избркала Брајан од куќата. Кога полицијата стигнала, таа викала по него. Брајан се бранел дека не сака да го обвинуваат за глупости, но ниту демантирал ниту потврдил дека ја удрил Хајден.

Ова не е првпат Хајден да го пријави Брајан во полиција. Тој и минатата година беше уапсен поради семејно насилство, а во јавноста се ширеа шпекулации и дека една ноќ поминал во затвор. Бил пуштен со кауција. Медиумите пишуваа дека во моментите кога ја нападнал Хајден, двајцата биле пијани.

„Од старт знаевме дека Брајан е темпераментен и избувлив. Ја предупредувавме Хајден, но таа не сакаше да не послуша. Ја имаше удрено неколку пати. По инцидентот таа не живее во својот дом. Во моментов се наоѓа на друга локација“, велат нејзините пријатели.

Хајден и Брајан се во врска од летото 2018 година. Хајден е поранешна девојка и на боксерот Владимир Кличко со кого ја има ќерката Каја.

 

Scroll to Top