Дејли Мејл: Канје Вест и Бјанка Ценсори раскинаа, ќе поднесат барање за развод

Бјанка Ценсори и Канје Вест се разведуваат, пренесува Дејли Мејл.

Според извори блиски до парот, 47-годишниот рапер и 30-годишната архитектка ќе поднесат правно барање за прекин на бракот во наредните денови.

Бјанка моментално престојува во нивниот луксузен дом вреден 35 милиони долари во Лос Анџелес. По разводот наводно ќе добие пет милиони евра. Засега не е познато каде е Канје, но неговите пријатели веруваат дека ќе замине во Јапонија на некое време.

Приказната за разводот дојде неколку дена откако Канје и Бјанка предизвикаа скандал на Греми.

Откако накратко им позираа на фотографите на доделувањето на Греми наградите, Вест, како што забележаа читачите на усни, и рекол да „направи сцена“, а Бјанка потоа ја соблече бундата.

Прво го покажа задниот дел од аутфитот, а потоа се сврте и покажала дека не носи ништо под проѕирниот фустан.

Scroll to Top