Започна Вимблдон, а на трибините веќе е снимен и пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам.
Дејвид никогаш не го пропушта овој тениски турнир.
Тој е снимен на трибините со неговата мајка Сандра Вест, со која е многу близок. Фотографите ги уловија во кралската ложа заедно со други познати личности.
Дејвид и Сандра го следеа мечот на Британката Ема Радукана на која Дејвид и е голем обожавател и Русинката Екатерина Александрова. Иако Сандра не се појавува често во јавноста, таа оди на Вимблдон речиси секоја година.
„Дејвид и неговата мајка се обидуваат да одат на натпреварите секоја година. Тие се многу блиски, имаат посебен однос и двајцата уживаат во тенисот”, изјавил претходно извор за „Daily Mail“.
Имено, Дејвид и минатата година беше снимен со мајка си на трибините. Тогаш фотографите го снимиле во неколку наврати како се проѕева, го трие челото и едвај ги држи очите отворени.
Сандра Џорџина Вест работеше како фризер и се омажи за таткото на Дејвид Алан во 1969 година. Алан и Сандра имаат три деца, а се разведоа во 2002 година.