Дејвид Бекам ги поддржа Хари и Меган

Познатиот англиски фудбалер Дејвид Бекам, за време на гостувањето во емисијата Entertainment Tonight изјави дека ја поддржува одлуката на Хари и Меган да го напуштат кралското семејство и да се преселат во Канада. Тој вели дека е горд на нив и дека со сопругата Викторија Бекам, сметаат дека Хари го направил вистинскиот потег.

Дејвид и Викторија се големи пријатели на поранешниот војвода и војвотка од Сасекс и за нив велат дека се исклучителни личности.

„Ги сакаме. Горд сум што можам да видам како се развива во линчост и станува добар татко. На секој татко му е важен квалитетен однос со децата“, изјавил Бекам.

Фудбалерот во мај 2018 година со сопругата беа меѓу поканетите на венчавката на Хари. Тие велат дека никогаш не разговарале со него за одлуката да го напушти кралското семејство и да се пресели во странство.

„Никогаш не разговаравме за неговото заминување. Разговаравме како добри пријатели, што за мене е најважно. Мислам дека вистински ужива во улогата на татко и тоа е нешто кое за првпат имавме можност и да разговараме. Кога ќе станете родители, светот ќе ви се промени. То заслужува да биде среќен“, изјавил Бекам.

Изјавата на Бекам следела откако принцот Хари во средата на конференција во Единбург говорел за одржливоста на туризмот. Се очекува војводата од Сасекс и внукот на кралицата Елизабета II од крајот на март да престан да ја користи титулата „Неговото кралско високчество“.

Тогаш се очекува Хари и неговата сопруга Меган Маркл да завршат со своите кралски должности.

 

 

 

Scroll to Top