Дејвид Бекам го однесе синот во паб за 18. роденден за првпат легално да пие пиво

Најмалиот син на Дејвид и Викторија Бекам, Круз, наполни 18 години, а неговиот татко го однесе во паб во Лондон за првпат легално да испие пиво. Со нив беше и Ромео, средниот син на фудбалерот и модната дизајнерка.

На сликата што ја објавија на Инстаграм, Круз носи златен часовник Ролекс, кој чини 32,000 фунти и е еден од најскапите на познатиот светски бренд. Тој од родителите доби часовник Ролекс и за својот 16. роденден.

Круз од неодамна гради и пејачка кариера, па неговата мајка, која е поранешна членка на „Спајс грлс“, објави видео направено во музичко студио и така му честиташе роденден.

Scroll to Top