Дејвид и Викторија Бекам споделија фотографии од забавата по повод 50-тиот роденден на пензионираниот фудбалер, но нивниот син Бруклин не беше на нив. „Создаваме посебни спомени со семејството и пријателите. Ве сакаме сите“, напишаа Дејвид (50) и Викторија (51) во заедничка објава на својот Инстаграм профил, тагирајќи ги своите синови Ромео и Круз, а името на нивната ќерка Харпер го претворија во хаштаг.
На фотографиите, Викторија и нивната 13-годишна ќерка Харпер носат идентични свилени темно сини фустани, додека Дејвид, Ромео (22) и Круз (20) се облечени во црн смокинг со вратоврски, позирајќи пред автомобил за време на прославата. На други фотографии, Дејвид седи на хаубата на автомобил со своите двајца помлади синови, а на една нежно ја бакнува Харпер во челото.
Бруклин (26) не се појави на ниту една од фотографиите, а не е познато дали тој и неговата сопруга Никола Пелц Бекам воопшто присуствувале на забавата, објавува „Ју-Ес Викли“.
Шпекулациите за наводни семејни несогласувања се појавија уште во март. Иако ниту двојката ниту семејството јавно не се осврнаа на ова прашање, TMZ во тоа време објави дека Бруклин бил лут на својот брат Ромео затоа што имал афера со неговата поранешна девојка, Ким Тернбул. Бруклин и Никола исто така живеат одвоено од останатите Бекамови. Иако се сместени во Лос Анџелес, Дејвид, Викторија и нивните најмлади деца наизменично живеат во Мајами и во Лондон.