Дејвид Бекам ѝ го забрани мобилниот на Викторија

Поранешниот популарен фудбалер Дејвид Бекам ѝ забранил на неговата сопруга Викторија да го користи мобилниот телефон во вечерните часови. Исто така таа не смее да биде пречесто на социјалните мрежи, за да имаат повеќе време да бидат заедно, пишува британски „Мирор“.

 

View this post on Instagram

 

Kisses @davidbeckham, I love u 💕

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

Тој вели дека на тој начин ќе имаат повеќе квалитетно време и ќе ја одржат блискоста и љубовниот жар. Бекам и Викторија се 21 година во брак, а велат дека не е лесно да се издржи на долги патеки, особено кога сопружниците се постојано затрупани со бројни обврски и грижа за децата.

Дејвид вели дека неодамна ги оставил децата дома и ја однел Викторија на одмор. Тие поминале седум дена во Германија, каде што повторно се зближиле. Поранешниот фудбалер вели дека се надева дека ќе има почесто такви моменти со неа.

„Тој чувствува дека Викторија поминува премногу време на телефон. Затоа и рече дека сака да одат на вечера без мобилни, таблети и лаптоп. Мисли дека тоа ќе биде добро за целото семејство“, открива извор близок до семејството.

 

View this post on Instagram

 

Kisses from posh and baby posh ✌🏼💕💕

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

Како Викторија ќе реагира на ваквата забрана, останува да се види, дополнува изворот, кој вели дека била пријатно изненадена од одлуката на Дејвид да ја однесе на одмор во луксузен центар во Германија без децата.

„Двајцата одлучија да одвојат време за себе и да побегнат на одмор без децата, барем двапати годишно. И двајцата беа воодушевени од таквата идеја“, открива изворот.

Scroll to Top