Дејвид Бекам ја изневерува Викторија со помлада девојка

Медиумите пишуваат дека популарната светска двојка Дејвид и Викторија Бекам поминува бурен период во својот живот.

Имено, според пишувањата на светските таблоиди, познатата двојка имала постојани расправии, а работите отишле дотаму што не е исклучена и можност за развод.

Причината поради која Викторија смета дека поранешниот фудбалер ја преминал црвената линија се вика Лејди Мери. 13 години помладата девојка од поранешната „спајсица“ се забавувала со некогашниот играч на Реал Мадрид до раните утрински часови.

Тоа предизвикало бес кај Викторија, кој, како што пренесуваат медиумите, може да кулминира со крај на долгогодишната врска со Дејвид Бекам.

 

Scroll to Top