Фудбалската легенда Дејвид Бекам е во преговори со Нетфликс и Би-би-си да снима свое шоу за готвење. Планот на 45-годишниот поранешен фудбалер е да креира шоу што би го продуцирала развила неговата компанија „Студио 99“. Тој смета дека ги подобрил своите кулинарски вештини во текот на самоизилацијата со помош на неговата ќерка Харпер (8) и дека шоуто ќе биде забавно за публиката оти ќе се претстави во сосема поинакво светло.
Според неименуван извор за весникот „Сан“, Дејвид во шоуто најмногу ќе се посвети на неговата скриена страст – печењето леб и слатки пити.