Дејвид Бекам покажа дека ужива во својата градина и ги воодушеви своите обожаватели

По фудбалската кариера, Дејвид Бекам се посвети на земјоделството и одгледувањето кокошки на својот имот, а со својата најнова објава ги воодушеви своите фанови.

Објави серија фотографии на кои покажа колку ужива во земјоделскиот живот, а освен што се слика покрај кокошки, објави и селфи на кое позира без кошула и ги открива стомачните.

Фотографијата собра речиси 900 илјади лајкови, но и бројни коментари од обожавателите.

„Ова ми се допаѓа Дејвид“, „Сон на соништата“, „Поздрав до тебе и кокошките“, „Ти одговара животот на фармата“ и „Тој има капа на главата, бидејќи… добро знаеме, капата му ја штити главата!“, се некои од коментари.

Инаку, Дејвид и Викторија чуваат кокошки и пчели на нивниот имот вреден 6 милиони фунти во Котсволдс и уживаат да прават мед за целото семејство.

Scroll to Top