Дејвид Бекам со морков во уста, Мадона во зајачки костум: Велигден во домот на славните

Празнувањето на католичкиот Велигден голем број познати ѕвезди го поминаа во кругот на своите најблиски, при што не изоставија да ги споделат нивните среќни моменти на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Облечени во костими на зајак, зајачки уши или во друштво на маскота зајак, славните ликови  споделија дел од приватноста. Фокусот на светските ѕвезди за велигденските празници беше во духот на традицијата за „лов на јајца“.

Мадона
Позираше со нејзините четири деца, сите максирани со зајачки уши.

Рис Витерспун
Велигден го прослави со својот сопруг, во целосен зајачки аутфит.

Клои Кардашијан и Тру Томсон
Таа ја покажа потрагата по велигденски јајца на нејзината ќерка.

Кајли Џенер и  Сторми Вебстер
Основачката на „Кајли Козметикс“ празникот го прослави со нејзината 4-годишна ќерка и нејзиното пошироко семејство.

Блејк Шелтон и Гвен Стефани
Брачната двојка која се венчаше во јули минатата година, сподели селфи каде Шелтон е облечен во костим на зајак.

Дејвид Бекам
Објави фотографија како споделува морков со неговиот домашен миленик.

 

 

Scroll to Top