Дејвид Бекам со своја козметичка линија

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам на 1 февруари ќе ја промовира својата козметичка колекција за мажи, наречена „Хаус 99“, а во соработка со „Лореал“. Колекцијата ќе содржи средства за бричење, козметика за лице, тело, за тетоважи и за коса. На почетокот ќе се продава само во продавниците „Харви Николс“ во Британија, а од март и на други места во Британија, но и во уште 19 земји во светот.

Бекам рекол дека во името на брендот го ставил бројот 99 бидејќи 1999 година била одлучна година за него како спортист, ама дека тогаш се родил и неговиот прв син, Бруклин.

 

Scroll to Top