Дејвид Гета е најдобар диџеј на светот: Се чувствувам посреќно од првиот пат

Дејвид Гета, еден од најголемите музичари и продуценти во историјата на електронската музика, e прогласен за најдобар диџеј во светот. Највлијателната глобална листа на главни актери на електронската сцена ја формирале речиси 1,3 милион гласови на читатели на „Диџеј маг“, кои го вратија Дејвид Гета на првата позиција по 2011 година, кога последен пат ја освои.

„Ова е навистина неверојатно, мислам дека се чувствувам посреќно од првиот пат“, изјави супер популарниот Французин, кој ги освојува радиолистите во последните месеци со хитот Let’s Love, уште една одлична соработка со австралиската пејачка Сиа, но исто така истражува и нови насоки со неговиот future rave звук.

Главната топ-листа на „Диџеј маг“ донесува 100 најзначајни и највлијателни диџеи и продуценти на електронската музика, а зад водечката позиција на Гета на првите три места се најдоа Димитри Вегас и Лајк Мајк и Мартин Гарикс.

Паралелно со оваа скала беше објавен и алтернативниот топ-100 на „Диџеј мег“, кој е фокусиран исклучиво на хаус и техно и ги комбинира гласовите на публиката со продажба на ленти на Beatport. Ласкавата титула број еден првпат ја освои белгиската технохеројка Шарлот де Вит.

Scroll to Top