Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам го добил судскиот спор кој го водел со неговите соседи во врска со плановите за изграба на безбедносен тунел во неговиот дом вреден 6 милиони фунти. Извори за британските медиуми тврдат дека соседите се жалеле на ваквиот градежен потфат, велејќи дека тоа би го уништил амбиентот на целата област во англиската област Оксфордшир, каде се наоѓа домот на Дејвид и Викторија Бекам.
Соседите сега ја повлекле тужбата и градежнит активности можат да продолжат, пренесуваат англиските медиуми. Бекам покрај подземниот тунел за бегство, планира да ангажира 24 часовен надзор. Неговите мерки за безбедност мораа да се случат, откако минтиот месец, во неговата куќа провалиле група на разбојници.
Тие поднеле барање до Окружниот совет на Западен Оксфордшир, за да добијат дозвола да изградат порта со која ќе се подобри безбедноста во дворот и околината.