Дејвид има пенис голем како ауспух, открива Викторија Бекам

Познатат пејачка и модна дизјанерка Викторија Бекам во интервју откри детали за интимата на нејзиниот сопруг.

„Многу сум горда што и денес имаме добар секс. Мојот сопруг е во многу добра форма. Обично сум гола во кревет, но тој почна да ми купува и долна облека. Што се однесува до неговиот пенис, тој е огромен. Како ауспух од трактор“, изјави Викторија за „Дејли стар“.

Дејвид и Викторија Бекам се во брак 23 години и имаат три сина, Бруклин, Ромео и Круз. Познатата пејачка и модна дизајнерка неодамна се отвори за љубовниот живот со поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Лос Анџелес Галакси. 

Бекамови се запознале во 1997 година на хуманитарна аукција, а се венчале само две години подоцна.

„Љубов на прв поглед постои. Ќе ви се случи во салонот за играчи на Манчестер Јунајтед откако малку ќе се напиете, па деталите се магливи. Додека другите фудбалери стојат во барот и пијат со своите другари, ќе го видите Дејвид како стои на страна со своето семејство. Тој има толку симпатична насмевка. Ќе ти побара број. Сè уште ја имма авионската карта од Лондон за Манчестер на која сте го напишале бројот“, изјавила во една прилика Викторија.

Дејвид Бекам кариерата ја заврши во 2013 година, а најголема трага остави во Јунајтед каде играше 11 сезони и постигна 62 гола. Потоа се пресели во Реал, а играше и за Галакси, Милан и ПСЖ каде ја заврши кариерата.

Scroll to Top