Откако станскиот таблоид „Поблиску“ објави дека популарните актери Дејвид Швимер и Џенифер Анистон се во врска, претставниците на Швимер ги демантираа информациите.
Тие преку социјалната мрежа „Твитер“ објаснија дека овие тврдења се неточни.
„За да имате таков одговор, треба да живеете во нивните плакари. Знаеме дека ја посетил нејзината куќа по обединувањето. Ги гледаме нивните интеракции на социјалните медиуми. Вашите шпекулации за Швимер никогаш не содржат фотографии и секогаш се од извори што нам не ни се познати“.
To have such a definitive answer, you must be living in their closets… We know he visited her house after the reunion. We see their interactions on social media. Every rumor about Schwimmer from you (that he’s on Raya) never contains photos, and is from unknown to us sources
— schwim team (@schwim_team) August 10, 2021
За време на епизодата „Пријатели: повторно заедно“, Швимер му изјави на водителот Џејмс Корден дека имало симпатии меѓу него и Анистон, но врската била невозможна бидејќи еден од нив секогаш бил со партнер, па никогаш не ја преминеле таа граница.
Пред два дена магазинот „Поблиску“ објави дека тие веќе некое време се заедно во вилата на Џенифер, односно дека се зближиле за време на снимањето на проектот „Пријатели: повторно заедно“ како дел од серијата „Пријатели“ во која глумеа двојка.