Дејвид Швимер фотографиран на романтична вечера со 29 години помлада студентка

Дејвид Швимер (58), познат по улогата во серијата „Пријатели“, наводно започнал нова романса со помлада девојка. Актерот е виден пред ексклузивниот ресторан Спаго во Беверли Хилс во неделата вечерта, пренесува Дејли Мејл.

Во негово друштво била млада жена. Според информациите на Дејли Мејл, станува збор за 29-годишната студентка по медицина на UCLA и еврејска активистка Елиана Јолковски, која има делумно корејско потекло, според нејзиниот профил на Инстаграм.

По вечерата, парот заедно го напуштил ресторанот и влегле во такси.

Scroll to Top