Деми Ловато пред да почне со одвикнувањ, заминала во Чикаго каде има терапија кај психијатар кој се фокусира на трезвеноста и менталното здравје.
Лекарите ја пуштија пејачката во саботата од болница во Лос Анџелес. Ловато веднаш се пријавила во клиниката за одвикнување. Таа на крајот на јули се предозирала со непознат опијат, а американските медиуми тврделе дека станува збор за хероин. Пејачката минатата недела проговорила за инцидентот и истакнала дека Бог ја спаисл, инаку немала да биде повеќе со нас.
Деми пред да почне со одвикнувањето посетува специјалист кој и го препорачале лекарите кои се грижеле за нејзиното здравје, откако таа се предозирала, пишува американскиот портал TMZ.
„Веднаш се согласила со нивната препорака и одлучила да посети психијатар за да го врати своето здравје и ја одржи трезвеноста“, изјавил пријател на Деми за ТMZ.
Тој додал дека Ловато заминала со приватен авион до Илионис, за да дојде побрзо до психијатарот, а остатокот од патот го минала со автомобил. Откако ја одработиле терапијата кај него, пејачката отишла во установа за одвикнување надвор од Калифорнија.
„Целосно е предана на тоа да се излечи од зависноста“, истаканл нејзиниот пријател.
За да се посвети на психичкото и физичко заздравување, пејачката ја откажала светската турнеја. Ловато имала закажани концерти низ Јужна Америка и Мексико.
Нејзините менаџер ќе се потрудат да го подобрат нејзиното здравје, а една од целите им е да ги тргнат „токсичните пријатели“ од нејзиниот живот. Станува збор за луѓе кои користат разни супстанци, а во тоа ја вовлекуваат и Деми, пишува TMZ.