Американската пејачка Деми Ловато (25) заврши во болница. Наводно, зела преголема доза хероин, јавуваат американските медиуми.
Како што пренесува ТМЗ, Ловато од својот дом во Холивуд била однесена во болница, каде што била подложна на лекарски третмани. Засега не е познато каква е нејзината здравствена состојба.
Пејачката со години се бори од зависност од алкохол и кокаин и психички проблеми со нарушувањето во исхраната. Одреден период била и на рехабилитација.
Во јуни ја објави песната „Собер“. Со песната даде до знаење дека повторно се бори со старите навики.
Оваа недела требаше да настапи во Атлантин Сити, а нејзините соработници открија дека не ѝ било добро.
Младата ѕвезда се прослави во филмот на Дизни, Camp Rock, а досега издала пет албуми.