Деми Мур ограбена – 144.000 евра

Холивудската актерка Деми Мур (55) била жртва на голема измама бидејќи ѝ била украдена кредитната картичка.

Еден маж, кој го сторил ова кривично дело, во март пријавил дека на актерката ѝ била изгубена картичката. Кога новата картичка стигнала во банка, тој на некој начин успеал да дојде до неа.

Крадецот ја искористил картичката за шопинг и ја олеснил со 169.000 долари или 144.000 евра! На крајот, крадецот е фатен, го признал делото и сместен е зад решетки.

Деми Мур не била достапна за коментар за грабежот, пренесува ТМЗ.

 

 

Scroll to Top