„Денес загубив брат и внука“, Шекил О’Нил по трагичната смрт на Коби Брајант

Поранешниот кошаркар на ЛА Лејкерс, Шекил О’Нил, вели дека не може да се помири со трагичната смрт на еден од неговите најблиски пријатели, Коби Брајант и на неговата ќерка Џиџи. По веста за хеликоптерската несреќа, во која загинаа тие, Шекил сподели неколку заеднички слики со НБА-легендата, со порака дека во несреќата изгубил брат и внука.

„Нема зборови со кои можам да ја искажам болката низ која поминувам сега во овој тажен и трагичен момент, кога ги загубив мојата внука Џиџи и мојот брат Коби Брајант. Ве сакам и ќе ми недостигате. Сочувство до семејството Брајант и до семејствата на другите загинати. Во моментов ми е многу мака“, напиша Шекил на „Твитер“.

О’Нил и Брајант играа заедно осум сезони во тимот на ЛА Лејкерс. Според многумина, тие оставија силен печат на модерната НБА, а поставија и рекорди во кошаркаа што и неколку години по нивното повлекување не се урнати.

Scroll to Top